Англиските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е на добар пат да го договори трансферот на Николас Пепе од Лил.
Пепе минатата сезона беше сензација во француското првенство и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Оле Гунар Солскјер смета дека ќе биде идеална замена за Лукаку и е спремен да плати 75 милиони евра за крилниот напаѓач.
Сепак, „црвените ѓаволи“ тука нема да застанат, зашто преговараат и со Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ им е втора опција.
Засега нема напредок во преговорите со Хари Мегваер, последната понуда беше 85 милиони евра, Лестер чека, а „ѓаволите“ немаат намера да понудат повеќе од тоа и најверојатно ќе се всртат кон други цели.