Дома Фудбал Англија Солскјер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Солскјер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Норвешкиот стратег, Оле Гунер Солскјер најверојатно ќе го води Манчестер Јунајтед и после 2022 година, до кога му истекува актуелниот договор.

Како што пренесува „ЕСПН“, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се задоволни од неговата работа и се спремни да му понудат продолжување на соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одлуката е веќе донесена и на Солскјер ќе му биде понуден нов договор, без разлика дали сезоната ќе ја заврши со освоен трофеј.

Актуелниот договор на Солскјер истекува во јуни 2022 година, а не се познати финансиските детали од новиот договор.

Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на 3-то место на табелата, а оваа сезона се второпласирани во Премиер лигата и се во четвртфиналето од Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се договори со Нкунку

Милан се впушти во трка за Кристофер Нкунку и преговорите со Челзи се во напредна фаза. Ми…