Дома Топ вести Соиграчот откри: Матијас де Лихт донесе одлука!

Соиграчот откри: Матијас де Лихт донесе одлука!

Еден од најдобрите млади играчи и член на Ајакс, Матијас де Лихт (19), наводно го избрал новиот клуб.

Барем така тврди неговиот соиграч Андре Онана, голманот на Ајакс, кој истакна дека 19-годишниот дефанзивец одлучил да потпише за Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Де Лихт наводно одлучил да тргне по стапките на соиграчот Френки де Јонг кој одлучи да потпише за Барселона, па и тој летоска ќе го стори истото.

„Де Лихт исто така сака во Барселона. Разговарав со него за тоа неколку пати, исто како и со Де Јонг.“ – изјави Онана.

Ако оваа информација се покаже како вистинита, Барса ќе заврши одлична работа, бидејќи ги добиваат двата најдобри холандски таленти.

За услугите на 21-годишниот Де Јонг, Барса ќе исплати 75 милиони евра, а слична сума би требало да биде исплатена и за Де Лихт.

Неодамна Де Лихт даде изјава во која порача дека за неговата иднина ќе одлучи по крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеп го спореди Халанд со напаѓачот вреден 145 милиони евра. Одговорот ги изненади Англичаните.

Пеп Гвардиола јасно изјави дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот н…