Дома Фудбал Германија Соблекувалната се поделила: Шест играчи на Баерн најмногу инсистирале на отказ за Нагелсман

Соблекувалната се поделила: Шест играчи на Баерн најмногу инсистирале на отказ за Нагелсман

Отказот на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен беше големо изненадување за фудбалската јавност, а сега полека се појавуваат детали од соблекувалната кои биле причина за таквиот развој на ситуацијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Билд“ каде што како новинарка работи девојката на Нагелсман откри кои играчи биле најголеми заговорници за негово заминување.

Според последните информации тоа биле голманите Мануел Ноер и Свен Улрајх поради смената на голманскиот тренер Тапаловиќ, но имале и голема поддршка од Гнабри, Сане, Мусиала, Кансело и Мане.

Од друга страна се откриваат и имињата на фудбалерите кои биле на спротивната страна и инсистирале Нагелсман да остане, во овој „клан“ биле: Џошуа Кимих, Леон Горецка, Матијас Де Лихт, Павар и Упамекано.

Останува да се види како оваа поделба ќе влијае на резултатите на Баерн под водство на Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Винисиус или Мбапе: Вака повеќе не оди, еден од нив мора да замине!

Реал Мадрид се наоѓа во прилично растурен систем по втората сезона по ред во која не е осв…