Фелипе Кутињо пред почетокот на оваа сезона ја напушти Барселона и премина на позајмица во Баерн.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кутињо во клубот од Минхен игра на позајмица до крајот на сезоната, а Баерн ќе има прилика да го откупи неговиот договор. Бразилецот во Барселона пристигна пред две години како големо засилување од Ливерпул, но не ги оправда очекувањата.
Неколку пати откако ја напушти Барселона Кутињо истакнуваше дека нема желба да се врати во Барселона бидејќи во Каталонија не бил премногу среќен. Меѓутоа шпанските медиуми пренесуваат дека многу лесно може да се случи Кутињо да го гледаме во дресот на Барселона наредната сзона.
Имено, новиот тренер на Барселона Кике Сетиен е голем фан на играта на Кутињо. Според информациите тој има голема желба да го има Кутињо на располагање.
Ако Баерн сака да го откупи договорот на Кутињо треба да плати 120 милиони евра.