Дома Топ вести „Со Меси имавме договор на пет години, две ќе го плаќавме, а за другото ќе се договоревме“

„Со Меси имавме договор на пет години, две ќе го плаќавме, а за другото ќе се договоревме“

Денес Лапорта пред новинарите ја објаснуваше ситуацијата за заминувањето на Меси.

Пред новинарите првиот човек на Барселона објасни дека едноставно било невозможно клубот да го задржи Меси. Откри и каков договор имале со Меси.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Со Лео се договоривме за петгодишен договор, а ќе го плаќавме првите две, за останатото ќе се договоревме дополнително. Тој се согласи и бевме убедени дека тоа ќе биде доволно за да останеме во рамките на финансискиот фер-плеј. Но Ла Лига не дозволи такво нешто“.

„Ќе се обидам да ви објаснам. Ла Лига има правило четири спрема еден. Значи за да дадете на некого плата од 25 милиони евра по сезона тоа морате да го оправдате со заработка од 100 милиони евра и тоа е навистина многу. Требаше да продадеме многу играчи. Клубот работи на намалување на буџетот за плати, а со намалувањето договорот на Меси ќе изнесуваше 110% од заработката на клбуот“.

Се споменуваше дека Барселона има проблем со регистрирањето на Депај и Агуеро.

„Тие сега не се проблем кога во буџетот го нема договорот на Меси“, објасни Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Митровиќ направи шоу во соблекувалната на Ал Хилал (Видео)

Фудбалерите на Ал Хилал направија големо изненадување на Светското клупско првенство, отка…