Дома Трансфер зона Следува распродажба во Барселона

Следува распродажба во Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона вечерва го потврди доаѓањето на бразилецот Фелипе Кутињо од Ливерпул за сума од 160 милиони евра.

Меѓутоа, доаѓањето на бразилецот на Камп Ноу ќе значи и крај за престојот на голем дел фудбалери, бидејќи каталонскиот гигант поради финансискиот фер плеј е приморан да продава.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанскиот фудбалски експерт Гилем Балаг тврди дека со неговото доаѓање Барселона ќе мора да продава. Според него осум фудбалери мора да го напуштат клубот.

„Барселона нема да може да троши толкави пари во иднина. Поради Кутињо мора да продаде осум фудбалери до лето. Сигурен сум дека голем број фудбалери ќе заминат.“ – изјави Балаг и наброи имиња на фудбалери кои сигурно заминуваат.

„Хавиер Маскерано, Алекс Видал, Денис Сарез, Пако Алкасер и Арда Туран веројатно веќе во јануари ќе го напуштат клубот, додека уште неколку фудбалери ќе заминат на лето.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…