Дома Топ вести Скриниар пред трансфер во ПСЖ, Интер најде замена

Скриниар пред трансфер во ПСЖ, Интер најде замена

Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар е пред трансфер во ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

Скриниар одби да го продолжи договорот со Интер и веќе се договори со ПСЖ, а „нероаѕурите“ се спремни да го продадат во јануари за да не го загубат без обештетување на лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека „светците“ испратиле понуда од 15 милиони евра, која Интер е спремен да ја прифати и веќе нашол замена.

Миланскиот гигант преговара со Аталанта за трансфер на Демирал. Интер веќе има договор со турскиот дефанзивец и ќе се обиде да го комплетира трансферот до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …