Дома Фудбал Англија Сколс со жестока критика: Ако не знае да додава, не може да игра за Манчестер Јунајтед!

Сколс со жестока критика: Ако не знае да додава, не може да игра за Манчестер Јунајтед!

scholes

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс често пати знае да испрати критики на сметка на Манчестер Јунајтед, а во последно време беше дежурен критичар на Жозе Мурињо.

Сега Сколс повторно критикуваше, но овој пат негова мета не беше Мурињо тука играчот за врска, Андер Ерера.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сколс порача дека играч кој не може да прави едноставни пасови не заслужува да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

„Кога сте клуб како Манчестер Јунајтед морате да водите сметка да имате играчи од највисоко ниво. Рио запраша дали Ерера може да му додаде на Погба? Ако тој не е способен да додава на десетина метри од него, тогаш тој не треба да биде дел од клубот“, јасен беше Сколс во студиот на „БТ Спорт“.

Ќе потсетиме, Сколс денес работи како стручен коментатор за познатата телевизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …