Дома Трансфер зона „Скај Спорт“: Челзи има две големи желби

„Скај Спорт“: Челзи има две големи желби

Eрлинг Халанд и Даклан Рајс ќе бидат главните желби на Челзи за летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барем така тврди новинарот на „Скај Спорт“ Ангело Маниганте кој објави дека Челзи во летниот преоден рок ќе тргне по овие двајца фудбалери.

Рајс и претходно се поврзуваше со трансфер на „Стенфорд Бриџ“. Беше голема желба на Френк Лампард и многумина веруваат дека ќе се пресели во Челзи.

Меѓутоа доведувањето на Халанд ќе биде далеку поголем предизвик. Норвешкото чудо од дете е желба на најдобрите тимови во Европа, се поврзува со Реал и Јувентус, но и Манчестер Јунајтед.

Халанд има можност наредното лето да замине од Борусија. Сумата за која може да си оди е 75 милиони евра, а ќе видиме дали тоа ќе го направи.

Челзи во овој момент има млад и одличен тим, па евентуално пристигнување на овие двајца фудбалери и тоа како би придонело да станат уште посилни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…