Скаути на Реал Мадрид ќе присуствуваат на натпреварот помеѓу Шпанија и БиХ утре во Лас Палмас, барем така тврди шпански „АС“.
Реномираниот шпански медиум пишува дека скаутите на шпанскиот гигант ќе посветат посебно внимание на босанскиот голгетер и член на Рома, Един Џеко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид веќе некое време е во потрага по нов напаѓач, се очекува да пристигне Паласиос од Ривер, но прашање е колку Јужноамериканецот веднаш би можел да помогне, поради тоа Перез сака да се обезбеди.
Џеко со Реал Мадрид се поврзуваше и претходно, но тогаш „кралевите“ бараа решние кое ќе биде „џокер“ од клупата и резерва на Бензема. Сега ситуацијата е поинаква, на Реал му е потребен прв напаѓач.
Освен Џеко, се наведува дека луѓето од таборот на Реал ќе го следат и дефанзивецот на Еспањол, Марио Хермосо. Овој играч доаѓа од школата на „Бернабеу“, но никогаш не доби шанса во првиот тим.
? El Real Madrid seguirá con interés el partido amistoso entre España y Bosnia
?? Luis Enrique, en pleno casting de centrales, probará a dos exmadridistas, Hermoso y Llorente
https://t.co/NKBEdjxroh— AS (@diarioas) November 17, 2018
Ќе потсетиме „Марка“ со Реал Мадрид го поврзуваше и Радамел Фалкао.