Дома Фудбал Англија Скандал на Островот: Ѕвездата на Тотенхем го пропушти мечот со Јунајтед бидејќи бил уапсен

Скандал на Островот: Ѕвездата на Тотенхем го пропушти мечот со Јунајтед бидејќи бил уапсен

Фудбалерот на Тотенхем, Серж Орие го пропушти дербито на минатото коло од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед, а сега е позната и причината.

Имено, Орие бил уапсен неколку часа пред неделниот натпревар, па поради притворањето, тој не беше во групата на Тотенхем.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Дефанзивецот живее на имот во Хертфордшир со неговата девојка, Хенча Војгт, која е позната во Англија како реалити ѕвезда.

Според информациите, Орие и Војгт имале домашен скандал пред својата мала ќерка. За време на инцидентот во полициската станица пристигнала пријава дека фудбалерот физички ја нападнал 31-годишната девојка.
Тој ги демантираше обвиненијата, па бил пуштен а обвинение не било покренато. Инаку со Војгт која се прослави во Америка како фитнес модел, Орие има дете, а заедно живеат повеќе од една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…