Дома Фудбал Ситуацијата се менува: Малага добива повеќе пари ако го победи Реал!

Ситуацијата се менува: Малага добива повеќе пари ако го победи Реал!

Клазулата на Иско беше главна тема да медиумите во Шпанија овие денови, но денес се појави интересен податок.

Во шпанската Примера вечерва се игра последното коло од сезоната 2016/2017, а Реал Мадрид е на чекор од титулата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Кралевите“ гостуваат кај Малага, Барселона го пречекува Еибар, но на Реал му е доволен само бод да ја обезбеди титулата. Реал има три бода повеќе од Барселона која има подобар меѓусебен дуел и би била шампион во случај на ист број на бодови, такво нешто може да се случи со пораз на Реал од Малага, а победа на Барселона против Еибар.

Медиумите претходните денови многу пишуваа за клазулата од договорот на Иско според која Малага би добила еден милион евра доколку Реал ја освои титулата.

Сепак, иако е тоа точнo, мадритски „Ас“ денес објави интересна информација. Имено, Малага би добила повеќе пари ако го победи Реал и тоа не како премија од Барселона. Ла Лига има посебна пресметка и секој тим добива одредена сума на пари од телевизиските права, но и во зависност од нивниот пласман на табелата.

Малага со победа над Реал би можела да заврши на деветото место, иако во текот на есента беше во зоната на испаѓање. Во случај на пораз би била 12, а тоа значи и помалку пари.

Примера има интересно правило, а тоа е да го гледа пласманот на табелата од претходните години и тогаш заклучно со учинокот во петата доделува одредени бонуси. Малага добрата низа од претходните години би можела да ја продолжи ако оваа сезона заврши на деветото место, со што би добила дополнителен бонус.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…