Дома Фудбал Англија Сити отпишан од еден трофеј: Виган славеше над „непобедливиот“ тим на Гвардиола (ВИДЕО)

Сити отпишан од еден трофеј: Виган славеше над „непобедливиот“ тим на Гвардиола (ВИДЕО)

Манчестер Сити иако не го потцени својот противник во рамки на осминафиналето во ФА Купот, екипата на Виган, сепак домашниот тим успеа да го исфрли најсилниот тим сезонава од битката за трофејот на најстарото натпреварување на светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ не успеаа да ја затресат мрежата на противникот, а пред крајот на првиот дел Делф заработи и црвен картон, што подоцна предизвика немири и расправии во тунелот помеѓу Пол Кук и Пеп Гвардиола, што се чини придонесе за уште понесигурна игра на Сити во продолжението.

Единствениот погодок на мечот го постигна Вил Григ во 79. минута, и така обезбеди пласман во следната фаза за својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем хаос на повидок: Хартс бара службена победа против Селтик! (Видео)

Драмата во шкотската Премиер лига сè уште трае, а најновите случувања отвораат можност за …