Дома Фудбал Англија Синот на Мурињо дел од стручниот штаб на Јунајтед

Синот на Мурињо дел од стручниот штаб на Јунајтед

Синот на Жозе Мурињо познат како Зука, изненадувачки се најде во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед за време на натпреварот против Свонси.

18-годишниот син на Мурињо беше облечен целосно во клупска „униформа“, на која дури ги имаше и неговите иницијали – ZM.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој факт го привлече вниманието на јавноста, откако Мајкл Карик објави фотографија на Твитер. Како што е познато, тој најави крај на кариерата, а Португалецот потврди дека ќе биде дел од неговиот стручен штаб.

Во 2016 година Мурињо Јуниор потпиша двегодишен стипендиски договор со Фулам, како голман, но во март минатата година двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓокереш прифати трансфер во Англија – познати се деталите од договорот

Шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш е на чекор до премин во Арсенал, откако ги прифати лични…