Дома Останати Тенис Синер го победи Медведев и се пласира во полуфиналето на УС Опен

Синер го победи Медведев и се пласира во полуфиналето на УС Опен

ЈАНИК СИНЕР е последниот полуфиналист на УС Опен. Местото меѓу последните четири на турнирот во Њујорк го доби победувајќи со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4 против Данило Медведев, победникот на изданието на овој турнир во 2021 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На водечкиот тенисер на АТП рангирањето му беа потребни 2 часа и 39 минути за да го совлада некогаш најдобриот, а денеска петти на светската ранг-листа.

Ова беше 13-то соочување меѓу Синер и Медведев. Со победата Италијанецот го намали резултатот на 6:7 во однос на рускиот тенисер. Синер оваа година има биланс од 53 победи и пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ на добро познато место се подготвува за Вимблдон

Новак Ѓоковиќ не се задржа во Париз по испаѓањето од Ролан Гарос, туку замина на добро поз…