Атлетико Мадрид по трансферите Хулијан Алварез, Конор Галагер, Робин Ле Норман, Александре Серлот, денеска го потврди и пристигнувањето на Клемент Ленгле.
Францускиот стопер од Барселона се пресели во Атлетико, на едногодишна позајмица, а „јорганџиите“ на крајот од сезоната ќе можат да го откупат неговиот договор. Атлетико за позајмицата ќе плати сума од три милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ленгле беше изборот на тренерот Диего Симеоне откако Атлетико не успеа да го ангажира Дејвид Хенк од Феенорд.
Зад себе Ленгле има исклучително богата кариера во која го носеше дресот на Нанси, Севиља, Барселона, Тотенхем и Астон Вила. За француската репрезентација одигра 15 натпревари и постигна еден гол.
Симеоне оваа сезона ја форсира формацијата со тројца стопери, па Ленгле сега ќе биде петта опција заедно со Хименез, Аспиликуета, Витсел и Ле Норман.