Дома Трансфер зона Серхио Рамос наредната сезона нема да игра за Севиља

Серхио Рамос наредната сезона нема да игра за Севиља

Серхио Рамос за две недели станува слободен играч. Славниот шпански дефанзивец нема да го продолжи договорот со Севиља во која се врати на почетокот на минатата сезона.

Рамос е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Минатата сезона беше стандарден во Севиља. Одигра 37 натпревари, постигна седум гола и асистираше еднаш во 3301 минути поминати на теренот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Кариерата ја започна во Севиља во 1996 година, а во 2005 година се пресели во Реал Мадрид. Таму играше до 2021 година, а потоа по истекот на договорот се пресели во ПСЖ.

За шпанската репрезентација постигна 23 гола на 180 натпревари. Во кариерата освои се што можеше да се освои, а за Реал Мадрид постигна 101 гол на 671 натпревар и освои четири ЛШ. Со Шпанија двапати беше европски и еднаш светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…