Дома Трансфер зона Сега и официјално: Евра е нов играч на Вет Хем

Сега и официјално: Евра е нов играч на Вет Хем

36-годишниот Патрис Евра и официјално се врати во Премиер лигата и го облече дресот на Вест Хем.

Францускиот интернационалец, кој беше слободен агент после раскинувањето на договорот со Марсеј, потпиша договор до крајот на сезоната со Вест Хем.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Интерес за Евра покажа и Евертон, но искусниот лев бек ја прифати понудата на Вест Хем и повторно ќе соработува со Дејвид Мојс.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вест Хем и што се враќам во Премиер лигата. Неверојатно е чувството повторно да бидам дел од најдобрата лига во светот. Му благодарам на Вест Хем што ми ја даде таа можност“, изјави Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…