Ајакс имаше фантастична сезона во Лигата на шампиони и многу фудбалери на холандскиот клуб ја воодушевија фудбалската јавност.
Еден од нив е сигурно Матијас де Лихт, моментално е еден од најбараните фудбалери во светот, па летово ќе се води голема борба за неговиот потпис, кој е проценет на околу 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако многу европски гиганти го посакуваат 19-годишниот дефанзивец, се очекува Барселона и Јувентус да ја водат главната битка, а според последните информации играчот е поблеку со „Камп Ноу“.
Медиумите откриваат дека Манчестер Јунајтед имал шанса да го добие Де Лихт минатата сезона за многу помала сума од таа за која што холандскиот стопер ќе го напушти Ајакс ова лето.
Сепак, ја испуштиле шансата поради бизарна причина. Скаут на Јунајтед соопштил до управата дека Де Лихт ќе биде како татко му, односно брзо ќе ја загуби брзината.
Раководството му поверувало на скаутот дека Де Лихт ќе има проблеми со вишок на килограми, па не го купиле младиот фудбалер, а сега може да видиме колку голема грешка направиле со тој потег.