Аргентинскиот фудбалер Папу Гомез долго време беше главна тема на Апенините.
После расправијата со тренерот Гасперини Гомез иако важеше за еден од најдобрите играчи на тимот од Бергамо беше отпишан и се чекаше да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гомез на последните натпревари воопшто не добиваше шанса, пред него имаше бројни понуди, а н крајот ја прифати онаа од Севиља.
Одличниот Аргентинецот кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. Потписот на договорот со Севиља Гомез го стави вчера, додека денес е објавено колку шпанскиот тим платил за услугите на Гомез.
Аталанта сакаше да се ослободи од Гомез, Севиља тоа го искористила и платила само 5.5 милиони евра што е секако малку за таков играч ако се споредат цените кај фудбалерите во денешно време.