Дома Топ вести Се јави првиот гигант: Херојот на Звезда може да направи трансфер во Серија А!

Се јави првиот гигант: Херојот на Звезда може да направи трансфер во Серија А!

Напаѓачот на Црвена Звезда Милан Павков, после натпреварот против Ливерпул во кој ги постигна двата погодоци е една од главните теми во спортските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не така одамна, Павков го носеше дресот на третолигашот ЧШК Пивара од Челарево, растеше во Раднички, а ова лето конечно ја дочека својата шанса во Звезда.

Неговиот пат како од бајките би можел да биде продолжен со трансфер за кој до вчера не можел ниту да сонува. Имено, италијански „Тутоспорт“ пишува дека за Павков сериозен интерес покажал Милан.

Според информациите, Милан веќе спремил понуда за Павков, но италијанските медиуми се уште не откриваат за каква сума станува збор.

Од Црвена Звезда најавија дека наскоро на Павков ќе му биде понуден нов побогат договор.

https://www.youtube.com/watch?v=AY_MupRnvCM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…