Јувентус според информациите на медиумите од Италија ќе направи големи промени ова лето.
Јуве веќе го размени Миралем Пјаниќ за Артур, но Пјаниќ е само еден од играчите на „старата дама“ кој ќе го напуштат клубот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Тутоспорт“ пишува дека екипата ќе ја напуштат Игуаин, Бернардески, Ругани, Кедира, Де Шиљо и Матуиди. Тие би требало да се најдат на трансфер листата или клубот да ги вклучи во потенцијални размени.
Целта на Јувентус е да пронајде играчи кои ќе одговораат на визијата на Маруцио Сари, но и екипата да се подмлади. Проблем се големите плати на ѕвездите на Јувентус, па затоа потешко ќе ги продаде, но клубот ќе направи се да го ослободи буџетот.
Секако, на заминувањата ќе има и доаѓања, Јувентус се поврзува со повеќе имиња, а ќе видиме кои од нив ќе пристигнат во Торино.