Челси во изминатиот период потроши над 600 милиони евра за засилувања, па на лето ќе мора да продаде дел од фудбалерите, а газдата Тод Боели веќе ја составил листата за отстрел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англискиот гигант мора да продаде дел од ѕвездите за да не го прекрши финансискиот фер-плеј и да добие казна, па се шпекулира дека од „Стемфорд бриџ“ ќе си заминат Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш, Каи Хаверц, Мејсон Маунт, Кепа Аризабалага, Конор Галагер и Пјер Емерик Обамејанг.
Засега не е позната ниту иднината на Ромелу Лукаку, кој во моментов е на позајмица во Интер и би можел да биде продаде за голема сума ако продолжи да игра во добар ритам за поранешниот италијански шампион.
ЗОШТО ПОТЕР СЕ УШТЕ Е ТРЕНЕР НА ЧЕЛЗИ?