Дома Фудбал Останато Се оспорува рекордот на Меси: Гол против Суринамците, вреди исто како и гол против Реал

Се оспорува рекордот на Меси: Гол против Суринамците, вреди исто како и гол против Реал

Лионел Меси го сруши рекордот на Пеле по бројот на постигнати голови за еден клуб против, Аргентинецот сега е на бројката од 644 гола.

Според официјалните податоци Пеле за бразилски Сантос постигна 643 гола, меѓутоа од неговиот клуб сега го оспоруваат рекордот на Меси и тврдат дека Пеле има 448 гола повеќе од Меси. Од Сантос тврдат на Пеле мора да му се сметаат и головите од пријателските натпревари како и на Меси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Во тие 448 голови кои се оспоруваат има не и некои против силни клубови во тие години. Пеле постигна девет гола против Клуб Америка (Мексико) и Коло-Коло (Чиле). Му даде осум на Интер, погодуваше и против Ривер, Бока, Расинг, Реал Мадрид, Јувентус, Лацио, Наполи, Бенфика, Андерлехт…Па дури и Барселона беше негова жртва им даде четири гола во четири натпревари“.

„Постојат аргументи на некои аналитичари дека повеќето од тие 448 постигнати гола се во пријателски натпревари против послаби ривали. Во секој случај тие натпревари се играа со официјална опрема и по сите правила. Тоа дали ривалот е слаб или силен, не значи ништо за статистиката. Бројките се исти. Гол против Трансвала (Суринам) вреди и како гол против Реал на Бернабеу“, порачаа од Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…