Дома Фудбал Се огласи Реал: Поднесовме официјална пријава против судијата

Се огласи Реал: Поднесовме официјална пријава против судијата

Вчера околу полноќ, РЕАЛ МАДРИД на својот официјален профил на Х (поранешен Твитер) објави дека поднел жалба до Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација против судијата Хуан Мартинез Мунуер.

Според соопштението, Реал ја покренал жалбата по „намерното невнимание“ на судијата при составувањето на извештајот по натпреварот кој Реал го одигра против Осасуна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал го обвинува судијата што не ги вклучил извиците од трибините на Ел Садар упатени до Винисиус Жуниор во извештајот по натпреварот, иако тој постојано бил предупредуван за нив од други играчи на Реал.

Во својот извештај, Реал наведува дека Мартинез Мунуера навредите и извици, меѓу кои беше и „Умри, Винисиус“ намерно не ги ставил во извештајот од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на тран…