Неодамна се појавија информации дека Манчестер Јунајтед ќе има проблем да го убеди Давид Де Геа да потпише нов договор.
Шпанецот е еден од десетмината играчи кои би можеле да го напуштат клубот поради наближувањето кон истекот на договорот. Договорот на Де Геа истекува на крајот на оваа сезона, но клубот има опција да го продолжи на уште една.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак активирањето на таа опција би значело дека Јунајтед помалку или повеќе се простил од одличниот голман, на тој начин само би го имале уште една година, пред да замине без оштета.
Сега се огласи и шпанскиот репрезентативец, кој избегна да даде директен одговор за неговиот статус на „Олд Трафорд“.
„Морате да бидете фокусирани на она што е важно. Важен е тимот, како и тоа сите да бидеме насочени кон добивањето на натпревари, договорот сега е во втор план. Мораме да бидеме сконцентрирани на фудбалот“.
„Немате време да мислите на работите кои не се важни, колку што сум важен јас и мојот договор, толку се важни и бодовите кои се пред нас“.
„Во клубот сум веќе осум сезони. Среќен сум тука, секогаш чуствував топлина од страна на навивачите и сите во клубот“, изјави Де Геа.