Дома Фудбал „Се надевам дека никогаш повеќе нема да суди фудбалски натпревар во својот живот“

„Се надевам дека никогаш повеќе нема да суди фудбалски натпревар во својот живот“

Скандал во Италија го предизвика 38-годишниот судија Хуан Лука Саки кој пред почетокот на мечот Лече – Сасуоло одби да се ракува со својата колешка Франческа Ди Монти, која му беше помошничка на споменатиот натпревар.

Судиите и играчите се ракуваа и се поздравуваа, а кога Саки дојде до судијата, Монти само ја повлече раката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот судија покажа неверојатен недостаток на почит кон својата асистентка која само одмавна со главата.

Наместо да и возврати на поздравот со рака, Саки отиде до капитенот на Лече Габриел Стрефеца и се поздрави од него.

По овој потег дојдоа многу осуди против Саки, а јавноста најмногу ја налути одлуката на Дисциплинската комисија во Серија А.

Имено, Саки беше суспендиран само на еден натпревар поради недолично однесување кон колешката, додека многумина сметаат дека ова било уште една форма на оцрнување на девојките во светот на фудбалот.

Во последно време во Италија гледаме се повеќе девојки во улоги на судии на фудбалски натпревари.

Повеќето од нив се помошни судии, а некои ја добија честа да судат во Серија А како Ди Монти.

Познатите личности во Италија после ова не можеа да се воздржат, а најостра беше Мелиса Сата, поранешната сопруга на Кевин Боатенг и девојка која во Италија е позната како голем фудбалски фанатик .

„Еден натпревар? Ужас, се надевам дека ќе биде суспендиран засекогаш и никогаш повеќе нема да суди фудбалски натпревар“, рече Сата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…