Во Италија се погласно се зборува за намалување на платите на големите фудбалски ѕвезди поради новонастанатата ситуација и пандемијата со коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Економијата во Италија е практично пред колапс, а и фудбалските клубови ќе прикажат огромни загуби, па поради тоа ќе му бидат намалени платите на фудбалерите за оваа сезона.
Со оглед на огромните примања на фудбалерите, кои оваа сезона сите заедно вкупно само од плати ќе заработат 1,36 милијарди евра, за да се заштеди логично е да се дојде до нивно кратење.
Тоа секако најмногу ќе се одрази на Кристиано Роналдо, кој е најплатениот фудбалер во Серија А, а кратењето ќе биде од 10 од 30% во зависност од тоа колкава е платата на фудбалерот.
Португалецот годишно заработува 31 милиони евра, што значи дека платата може да му биде намалена за точно 9 милиони евра.