Вечерва во 20 часот се затвори трансфер пазарот во Италија со неколку интересни трансфери кои се комплетираа во последниот ден.
Федерико Киеза го комплетираше трансферот во Јувентус и потпиша 5-годишен договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус за потписот на Киеза на Фиорентина ќе и плати вкупно 50 милиони евра, плус 10 милиони во вид на бонуси.
Наполи го потврди трансферот на Тиму Бакајоко кој доаѓа од Челзи на едногодишна позајмица без право на откуп. Италијанскиот клуб на „сините“ ќе им плати 2 милиони евра.
Фиорентина го доведе Хосе Каљехон како слободен играч, кој треба да биде замена за Федерико Киеза.
? UFFICIALE ?
— Goal Italia (@GoalItalia) October 5, 2020
José Maria #Callejon è della #Fiorentina pic.twitter.com/JdacSzVsl4
Рома конечно постигна договор со Манчестер Јунајтед за Смолинг и буквално во последните моменти го комплетираше трансферот на дефанзивецот.
Удинезе во последниот ден доведе големо засилување и успеа да го доведе Жерар Дулофеу на едногодишна позајмица од Ватфорд.
? UFFICIALE ?
— Goal Italia (@GoalItalia) October 5, 2020
Deulofeu di nuovo in Serie A: giocherà con l'Udinese ⚪⚫ pic.twitter.com/5arpDHiLlv
Милан не успеа да донесе дефанзивец во последниот ден од преодниот рок. Страсбур ја одби понудата од 15 милиони евра за Симакан, а „росонерите“ не успеаа да се договорат со Челзи ниту за Рудигер.
Раџа Наинголан остана во Интер, откако „нероаѕурите“ не успеаа да постигнат договор со Каљари за трансфер на Белгиецот.
Никола Калиниќ се врати во Серија А и официјално потпиша едногодишен договор со Верона.