Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) откри кој на ждрепката во Москва ќе им ја крои судбината на учесниците на Мундијалот.
Групите за Светското првенство, кое од 14 јуни до 15 јули 2018 година ќе се одржи во Русија, ќе бидат извлечени на 1 декември во Кремљ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес, Светската фудбалска федерација на својот налог на „Твитер“ ги објави и имињата на фудбалските великани што ќе помагаат на ждрепката, односно имињата на учесниците кои ќе им ја кројат судбината.
Топчињата ќе ги влечат фудбалските легенди Лоран Блан (Франција), Гордон Бенкс (Англија), Кафу (Бразил), Фабио Канаваро (Италија), Диего Форлан (Уругвај), Карлес Пујол (Шпанија), Диего Армандо Марадона (Аргентина) и Никита Симонјан (Русија).
На мундијалот во Русија ќе учествуваат 32 селекции, кои ќе бидат распределени во осум групи со по четири репрезентации.
Introducing the 8️⃣ #WorldCupDraw assistants!
??Laurent Blanc
???????@thegordonbanks
??@officialcafu
??@fabiocannavaro
??@DiegoForlan7
??Diego Maradona
??@Carles5puyol
??Nikita Simonyan pic.twitter.com/UhSOkCmJWr— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 21, 2017