Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека ќе донесе некои многу тешки одлуки пред првиот натпревар на Светското првенство во Русија.
Англискиот тим ја победи Костарика вчера со 2:0, а Саутгејт на овој меч користеше различен тим од оној против Нигерија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко е и ќе преземеме некои тешки одлуки, но во добра смисла. Ќе беше многу поинаку ако си мислев – нема кој да игра тука или таму. Сакавме играчите да се борат за своите места и тие го направија тоа. Многу сум задоволен од натпреварот кој го одигравме откако направивме 10 промени во нашиот состав. Гледајќи назад во овие три недели на подготовка, не можам да бидам повеќе задоволен. Тешкотиите на кои ќе наидуваме само ќе не обединуваат“, заклучи Саутгејет.
Англија во првиот натпревар на Мундијалот ќе ги одмери силите со Тунис на 18-ти јуни.
? "Football's coming home, it's coming home…" ?
Should @England play more games away from Wembley? ?️
Gareth Southgate says England were lifted by 'brilliant' atmosphere at Elland Road: https://t.co/ud8iPubMK7 pic.twitter.com/JeVbexgD3K
— Sky Sports Football (@SkyFootball) June 8, 2018