Принцот од Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман спрема и трета понуда за купување на Манчестер Јунајтед.
Според извори блиски на клубот, „црвените ѓаволи“ веќе одбиле две понуди, а втората изнесувала неверојатни три милијарди фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сегашните сопственици на Јунајтед, американското семејство Глејзер два пати на Арапите им порачал дека клубот не е на продажба.
Тие на чело на Јунајтед се од 2005 година, но јасно е дека нивните планови не се да заминат во блиска иднина. Тие имаат јасен план и амбиции да го вратат Јунајтед, тоа го покажаа со одбивањето на понудата од три милијарди фунти.
Во овој момент вредноста на клубот изнесува 2.64 милијарди долари и Саудиеецот беше сериозен во својата намера.
Наводно семејството Глејзер може да го продаде Јунајтед само за понуда поголема од четири милијарди евра.