Дома Фудбал Англија Сари го игнорира, но тој не се грижи: „Морам добро да јадам, да спијам и тренирам“

Сари го игнорира, но тој не се грижи: „Морам добро да јадам, да спијам и тренирам“

Рубен Лофтус-Чик изјави дека одлучил да ги задржи добрите навики откако ги постигна првите погодоци во текот на 30 месеци поминати во лондонскиот клуб.

Овој фудбалер постигна хет-трик во триумфот на неговиот тим против Бате Борисов со 3:1 и тоа во комбиниран состав, а ова беше негов прв старт под водство на Сари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да се постигнат три гола чуството е прекрасно, ова е мојот прв хет-трик земајќи ги во предвид и младинските категории. Никогаш до сега не сум успеал во тоа. Се чуствувам убаво.“

Младиот фудбалер вели дека не е лут што Сари не му дава многу прилика за игра.

„Единствената работа во мојата глава е добро да тренирам. Иако играм добро, многу е важно да вежбам и да ја одржувам кондицијата за да бидам во форма кога добијам прилика за игра.“

„Значи, прво и основно, морам да се држам на добрите навики – добро да се хранам, добро да спијам и добро да тренирам. Ако продолжам да работам така, добрите работи ќе дојдат со сигурност.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…