Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Овој 20-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти. Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 20-годишник се поврзува со Ливерпул и Челзи, но Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе испратил официјална понуда до неговиот агент.
„Црвените ѓаволи“ му понудиле на Санчо неделна плата од 400.000 фунти со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.
Последните информации од Островот говорат дека Санчо кажал ДА на оваа понуда, па останува уште двата клуба да ја договорот цената на трансферот.