Најскапо платениот играч на Манчестер Јунајтед кој заработува неверојатни 26 милиони фунти по сезона е во нов проблем.
Чилеанецот се опоравува од повредата која ја заработи во текот на Копа Америка, денес тренираше со екипата, но тоа не се заврши добро.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според пишувањето на англиските медиуми младиот Мејсон Гринвуд имал еден невнимателен старт над Чиленаецот после што тој бурно реагирал, а според „Сан“ морале да интервенираат соиграчите и тренерите.
После овој инцидент на Санчез кој и онака е непожелен поради високата плата него му се поставени два избора – заминување или преселба во резервниот тим.
Засега се споменува Серија А каде што Рома покажува интересес меѓутоа тие го сакаат на позајмица и притоа Јунајтед да плаќа поголем дел од неговата плата.
До крајот на преодниот рок во Италија има уште девет дена, па останува да се види што ќе се случи.