Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез даде интервју за Скај Спортс каде во улогата на водител се најде легендарниот Тиери Анри.
Чилеанецот изминативе месеци интензивно се доведуваше во врска со заминување од Арсенал, го посакуваа бројни европски великани, а на крајот го извра Манчестер Јунајтед чиј обожавател е уште од рана возраст.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што истакна во разговор со Анри, за него Манчестер Јунајтед е најдобриот клуб во Англија.
„Уште откако бев млад мислев дека Манчестер Јунајтед е најдобар клуб во Англија. Не зборувам само затоа што јас стигнав тука, јас сум искрен и никогаш не лажам“, истакна Санчез, додавајќи дека Арсенал е исто така голем клуб.
„Постојат многу клубови, а Арсенал е еден од нив. Но, гледајќи го овој грб, мислам дека Манчестер Јунајтед мора да освои апсолутно се бидејќи тие се таков клуб. Грбот се ви зборува“.
Санчез истакна дека му бил потребен предизвик и средината во која би продолжил да се развра како играч, а Манчестер Јунајтед верува дека ќе го има сето тоа.
За потсетување, Алексис со „Црвените ѓаволи“ потпиша договор до 2022. година, а ќе заработува дури 500.000 фунри неделно.