Бразилскиот клуб Сантос профитираше откако Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ.
Трансферот на Нејмар е вреден 222 милиони евра, а дел од колачот доби и Сантос, клубот од каде што бразилскиот играч потекнува, пред да ја стекне славата и да се пресели во редовите на Каталонците.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Претседателот на Сантос објави дека во клубот пристигнало едно писмо од Париз.
„Добивме писмо од ПСЖ, се извинија поради доцнењето и ни понудија неколку опции за решавање на ова прашање, а тие ќе ги превземат сите мерки за парите на трансферот. Тоа се многу сериозни луѓе кои фудбалот не им е само забава“, тврди претседателот на Сантос.
Нејмар во ПСЖ одлично ја отвори сезоната, исто како и Килијан Мбапе, кој пристигна од Монако. Парижаните ги остварија сите победи во новата сезона, а последната е против Селтик со 5:0 во првото коло од групната фаза од ЛШ.