Тренерот на Севиља, Жорге Сампаоли е еден од канидатите за наследник на Луис Енрике на кормилото на Барселона, а денес со својата ја изјава ја шокираше фудбалската јавност, особено фановите на Реал Мадрид.
Имено, Сампаоли истакна дека сака да и помогне на Барселона и на неговиот сонародник Лео Меси да стигна до титулата во Примера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа изјава особено доби на тежина поради фактот што неговата Севиља до крајот треба да одигра натпревар со Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“.
„Сакам јас и мојот тим да славиме на Бернабеу против Реал Мадрид и така да му помогнам на Меси да дојде до титулата“, изјави Сампаоли.
Моментално Реал и Барса имаат по 81 бод, но „кралевите“ имаат натпревар помалку, а следната недела ја дочекуваат Севиља.