Марко Пјаца сеуште чека на дебито за Јувентус оваа сезона.
Хрватскиот репрезентативец се опорави од повредата и за младинскиот тим на „старата дама“ прикажуваше фантастични настапи. Меѓутоа Масимилијано Алегри не сакаше да ризикува, а според најновите информации од Апенините, Пјаца би можел да биде испратен до позајмица на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе разговараме со Марко за неговата иднина. Мора повеќе да игра после девет месеци пауза и заедно со него ќе ја донесеме најдобрата одлука“, изјави Алегри.
Едноставно за Пјаца во Јувентус нема премногу простор за игра покрај Квардадо, Бернардески, Даглас Коста, Паоло Дибала и Марио Манџукиќ. Токму поради тоа шансите Јувентус да го испрати на позајмица се реални, а заинтересирани клубови секако дека не недостасуваат.
Шалке, Монако и Зенит се најголемите фаворити за доведување на Пјаца како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.
Хрватот исто така мора да биде внимателен бидејќи пред него е важна полусезона во која ќе се бори за место во селекцијата на Хрватска за Мундијалот во Русија наредното лето.
Di Marzio: "Monaco, Zenit e Schalke su Pjaca. Toccherà al giocatore scegliere la… https://t.co/DlCO7O83Nj
— ♥ SOLO JUVE ♥ (@JUVENTUS_mylove) December 29, 2017