Горан Пандев е легенда во вистинска смисла на зборот, не треба да се трошат зборови да се каже што значи Пандев за македонскиот фудбал, но името на Гранде има огромна тежина и во Италија.
Пандев во натпреварот со Наполи неодамна дојде блиску до 100 гола во Серија А, во овој момент е на 97 и е најдобриот екс-ју стрелец во најсилната италијанска конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен тоа Пандев чекори и кон уште еден рекорд. Имено, тој е трет по бројот на настапи во Серија на листата на играчи кои не се од Италија.
На врвот на оваа листа е Хавиер Занети со 618, следи Хандановиќ со 500, па нашиот Гоче со 461 настапи. Ако Пандев продолжи да игра и наредната сезона тогаш ќе има шанси да дојде до бројката од 500 настапи.