Дома Топ вести Салах ја прифати понудата, бара Ливерпул да го пушти во Саудиска Арабија

Салах ја прифати понудата, бара Ливерпул да го пушти во Саудиска Арабија

Мохамед Салах му соопштил на раководството на Ливерпул дека сака да се пресели во Саудиска Арабија, односно во тимот на Ал-Итихад.

Саудискиот тим нуди повеќе од 100 милиони евра за Египќанецот, а конечната одлука треба да ја донесе Ливерпул до понеделник.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Салах ја прифатил понудата од Ал Итихад, кој му нуди 60 милиони евра по сезона и бара од Ливерпул да го пушти во Саудиска Арабија.

Клоп останува на цврстиот став, дека Салах не е на продажба, но високата сума може да ги разубеди американските сопственици, а и самиот Салах инсистира да замине.

Англиските медиуми пренесуваат дека трансферот е можен и дека денес може да биде последниот меч на Салах во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…