Дома Фудбал Англија Салах ја менува историја во Ливерпул: Денес ги остави зад себе Торес и Роби Фаулер!

Салах ја менува историја во Ливерпул: Денес ги остави зад себе Торес и Роби Фаулер!

Мохамед Салах денес во натпреварот против Бурнемоут постигна три погодоци во победата на Ливерпул од 4:0.

После нешто послабиот старт на сезоната, Салах конечно заигра како што се очекува и стигна до бројката од десет лигашки погодоци и сега го дели првото место на листата на стрелци со Пјер Емерик Обамејанг.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Покрај тоа египетскиот фудбалер денес стигна до бројката од 40 лигашки погодоци за Ливерпул и за тоа му беа потребни само 52 настапи што е најбрзо во историјата на Ливерпул.

На Фернандо Торес за бројката од 40 лигашки погодоци му беа потребни 60 натпревари, на Роби Фаулер 77, а истиот број натпревари му беа потребни и на Мајкл Овен.

На петото место се наоѓа Луис Суарез кој својот 40-ти гол за Ливерпул го постигна во 78-иот настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тешка повреда на српската ѕвезда од 80 милиони евра

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус следните два до три месеца ќе мора да се соочи без…