Дома Фудбал Англија Салах остана верен на Црвените

Салах остана верен на Црвените

Мохамед Салах со својата репрезентација го заврши настапот на Мундијалот во Русија уште во групната фаза, а сега може да почне да се припрема за наредната сезона во дресот на Ливерпул.

Египѓанецот не само што ќе остане следната сезона, туку на Енфилд ќе помине во следните пет сезони.

Имено, Ливерпул утрово соопшти дека Салах со клубот потпишал нов договор, а англиските медиуми пренесуваат дека се работи за петгодишен договор по кој на Енфилд би останал до 2023. година.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…