Дома Останати Тенис „Сакаш ли да мо*ам на терен?“ – тенисер беснееше на Ролан Гарос 🎥

„Сакаш ли да мо*ам на терен?“ – тенисер беснееше на Ролан Гарос 🎥

Aвстралискиот тенисер Танасис Кокинакис привлече внимание со своето однесување во вчерашниот меч од 3. коло на Ролан Гарос против Карен Хачанов.

Кокинакис беше поразен од рускиот тенисер во четири сета, а после вториот сет влезе во расправија со судијката подигнувајќи го тонот и зборувајќи вулгарно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако го изгуби вториот сет, Кокинакис кој веќе еднаш бараше тајм-аут за тоалет за да оди во тоалет дојде до судијата и ја праша дали може да оди уште еднаш. Меѓутоа според новото правило спортистите имаат право само двапати да одат во тоалет во пет сета и судијката го одби неговото барање бидејќи бараше два во краток период.

„Добро, не го знаев тоа правило, сега ми кажуваш дека имам уште 50 секунди. Можеш и да бидеш реална и да ми дадеш пристојно време за тоалет уште еднаш? Је..га имаме само две паузи за тоалет. Сакаш да мо*ам тука на терен? Само барам да одам во тоалет, во последниот меч имав грчеви поради ова“, зборуваше Австралиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …