Дома Ракомет Магдебург го растури Фленсбург за врвот, Берлин со пресврт го урна Кил

Магдебург го растури Фленсбург за врвот, Берлин со пресврт го урна Кил

Магдебург го растури Фленсбург за врвот, Берлин со пресврт го урна Кил

Магдебург го презеде врвот во германската ракометна Бундеслига откако убедливо го доби дербито со Фленсбург со 37:29. Во другата голема пресметка од 12. коло, Фуксе Берлин направи пресврт против Кил и славеше со 28:25.

Фленсбург прв зададе удар и поведе со 4:2, но тоа не беше најава за текот на остатокот од натпреварот. Актуелниот шампион брзо го презеде ритамот, а до паузата веќе изгради предност од шест гола – 20:14. Тимот на Бенет Вигерт потоа не му дозволи на ривалот да ја врати неизвесноста.

Омар Инги Магнусон беше нерешлива задача за гостинската одбрана. Исланѓанецот постигна 14 гола, од кои седум од седмерец. Феликс Клар додаде шест, а Гисли Кристјансон и Даниел Петерсон завршија со по пет погодоци. Кај Фленсбург се истакнаа Симон Питлик со десет и Емерик Мин со седум гола.

Со овој успех Магдебург стигна до деветта последователна победа над Фленсбург во официјалните натпревари. Воедно, ја продолжи и домашната бундеслигашка серија на 31 победа по ред.

Во Берлин, пак, Кил ја имаше контролата во поголем дел од првото полувреме и замина на одмор со 14:12. Гостите водеа и со 20:19 на средината од вториот дел, пред Фуксе да го промени натпреварот со поцврста одбрана.

Домашните направија решавачки налет и во 53. минута веќе имаа 26:21, предност што беше доволна за конечен триумф од 28:25. Матијас Гидсел го предводеше нападот со девет гола, Тобијас Грендал постигна шест, а Мијајло Марсениќ пет. Значаен придонес имаше и голманот Ласе Лудвиг со 15 одбрани. Најефикасен кај Кил беше Лукас Цербе со четири погодоци.

Фото: Handball-Planet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Веспрем за влакно пред Барселона, но Чурго ја има најцврстата одбрана

Само 0,03 гола по натпревар ги делат Веспрем и Барселона во нападот. Споредбата на пет евр…