Дома Фудбал Трајчески асистираше на роденденот, но Авондејл остана без победа

Трајчески асистираше на роденденот, но Авондејл остана без победа

Фудбал — архивска фотографија

Асистенцијата на Кристијан Трајчески не беше доволна за бодови на Авондејл во австралискиот шампионат. Македонскиот играч за врска, кој на 15 ноември го прослави 28. роденден, учествуваше во акцијата за предност, но неговиот тим на крајот претрпе пораз од Бродмедоу Меџик со 2-1.

Трајчески во 39. минута му асистираше на Нијах Џозеф за отворање на резултатот. На теренот остана до 61. минута, кога неговото место го зазеде Џаушуа Сотирио. За Авондејл ова беше пораз по победата со 2-1 над Аделаида Сити на 8 ноември, додека Бродмедоу со освоените бодови обезбеди четвртфинале.

Поранешниот репрезентативец на Македонија до 21 година во кариерата играше и во Португалија, за Гафања и Оливеира до Хоспитал, пред враќањето во Авондејл. Неговиот клуб има закажано домашен дуел со Вестс АПИА на 22 ноември, со кој ќе го заврши настапот во ова натпреварување.

Во Австралија победа забележа Сатерленд Шаркс, кој ја совлада Канбера Кроација со 3-0. Џејми Перчевски влезе во 63. минута наместо Мајкл Марчевски. Со овој резултат Сатерленд ги задржа шансите за пласман во следната фаза, пред решавачката средба со Сиднеј Јунајтед 58.

Од останатите македонски фудбалери, Стефан Петкоски Цимбалјевиќ играше до 84. минута во гостинскиот триумф на Смедерево над Бор со 2-0. Иво Јанакиевски го одигра целиот натпревар за Биље при поразот од Триглав со 4-2, а Давид Стојаноски настапи во првото полувреме за Крка, која загуби со 3-0 од Дравиња.

Ѓоко Зајков остана меѓу резервите на Аџман во куп-поразот од Ал Дафра со 1-0. Горазд Ристовски, пак, поради повреда на скочниот зглоб не настапи за Графичар во дуелот без голови против Вождовац.

Фото: Архива

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно на терен по 11 години: Одигра полувреме и најави дека може пак!

Бразилската легенда настапи за Равена против Форли и беше дел од акцијата за голот на Дона…