Дома Македонски спорт Мак фудбал Русин го наследи Ѓоре Јовановски во Беласица

Русин го наследи Ѓоре Јовановски во Беласица

Беласица донесе нов стратег откако Ѓоре Јовановски си замина после само три натпревари поминати на клубот.

Сега предводник на клубот ќе биде Русинот Андреј Чернишов кој зад себе има богата играчка и тренерска кариера. Како играч Чернишов настапуваше за Динамо Москва, Спартак Москва, Штурм Граз, ПАОК, а има настапи и за репрезентацијата на СССР, подоцна и за Русија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Три пати во кариерата бил прогласуван за најдобар дефанзивец во руското првенство, а еднаш за најдобар странски играч во Австрија.
Тренерската кариера ја започна во селекцијата на Русија до 21 година, а под негово водство промовираше фудбалери како Аршавин, Павличенко, Жиркоф, Кержаков, голманот Акифеев…потоа беше и прв асистент во репрезентацијата на Русија.

Кога се клубовите во прашање во неговото СV стојат имињата на Динамо Тблиси, Спартак Суботица и неколку клубови во Саудиска Арабија и Кувајт.

Официјално со работа во Беласица започнува од понеделник, а денешниот натпревар со Академија Пандев ќе го проследи од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…