Дома Фудбал Англија Руни: Дури и готвачите во Јунајтед сакаа Мурињо да си замине

Руни: Дури и готвачите во Јунајтед сакаа Мурињо да си замине

Оле Гунар Солскјер имаше одлично деби на клупата на Манчестер Јунајтед и славеше победа против неговиот поранешен клуб Кардиф од 1:5.

После натпреварот Норважанецот откри дека голема помош и корисни совети добил од Вејн Руни.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Изгледа дека на сите им е полесно со заминувањето на Мурињо, тоа го потврди и напаѓачот кој денес настапува за Ди-Си Јунајтед.

„Негово заминување не сакаа само играчите, туку сите во клубот. Сигурен сум дека слично размислува и Ед Вудворд лично, па дури и готвачите“.

„За клубот да биде успешен и да се движи во посакуван правец, се би требало да биде контрола и сите да бидат среќни. Ситуацијата беше лоша, но дојде Оле, тој е одлична личност и верувам дека може да ја поправи состојбата. На лицата на играчите повторно можеше да се види насмевката, тоа е добар знак“, заклучи Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Ниту 44 гола на 44 натпревари на Ѓекереш може нема да бидат доволни за титула на Спортинг

Виктор Ѓеќереш постигна 44 гола на 44 натпревари, но како што изгледа Спортинг ќе остане б…