Менаџерот на Евертон Роналд Куман испрати отворена покана до Вејн Руни и го повика да се пресели во Евертон.
31-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед е „дете“ на Евертон каде од младинската школа дебитираше за првиот тим на 16 години, а првиот гол во Премиер лигата постигна после само 10 натпревари против Арсенал.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
„Мислам дека Руни и понатаму игра на високо ниво и дека направи добар избор што остана во Манчестер Јунајтед и во Премиер лигата. Пред него се уште две три години играње на врвно ниво. Не знам што ќе се случи на крајот од сезоната. Мислам дека тој е еден од играчите кои можат да го направат Евертон подобар од колку што е сега“, истакна Куман.
„Најважно е тоа што го сака играчот и што му е потребно на Јунајтед. Во Евертон е добредојден секој играч за кого сметаме дека може да го засили тимот“, додаде менаџерот на „карамелите“.